По велигденските празници ќе биде познато дали и Градскиот трговски центар во Скопје ќе добие барокна фасада, која ќе се вклопи во амбиентот на „Скопје 2014“.
Надлежната комисија деновиве ги разгледувала двата пристигнати труда, јавува Фактор.
Засега не се открива во кои стил се изработени проектите, но во игра биле сите три стилски правци кои се барале на конкурсот: футуризам, класицизам и барок.
Во огласот се инсистираше предложеното идејно решение да понуди објект во барокен стил или класицизам, а се прифаќало и футуризам.
Едниот од проектите, предвидува и поставување на куполи, налик на Собранието.