НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случајот „Макпетрол“ и натаму „виси“, продолжува сомнителниот молк од властите

0
By Нова ТВ on October 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Молкот и натаму е единствениот одговор од властите околу сите отворени прашања поврзани со обидот за преземање на нафтениот гигант Макпетрол од страна на анонимната офшор-компанија „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“, објави порталот Плусинфо.

Комисијата за хартии од вредност официјално ја запре постапката, со што практично ја продолжи неизвесноста кај вработените и акционерите на компанијата, кои стравуваат за својата иднина. КХВ и натаму ги крие причините поради кои ја запре постапката и фамозниот „друг државен орган“ од кого се чека одговор. Комисијата и во претходните три месеци не откриваше ниту една информација за понудата на „БХПЛ“, и покрај информациите за сомнителното минато на луѓето поврзани со офшор-компанијата и потеклото на нивните пари.

Оттаму, во јавноста од самиот почеток на целиот случај се поставува прашањето: дали македонските институции дозволуваат во стопанството на мала врата да се „протне“ сомнителен странски капитал? Одговорот на ова клучно прашање и натаму е непознат, но јасно е дека последиците од ваков исход би биле катастрофални за домашната економија, а на своја кожа би ги почувствувале сите граѓани.

Сомневањата за опасни заткулисни игри околу Макпетрол ги засилува и молкот во сите други надлежни институции. Централниот депозитар за хартии од вредност, кој има законски надлежности во постапката за преземање на една компанија, исто така не открива информациикои акционерите имаат право да ги знаат: дали „БХПЛ“ достави валидна банкарска гаранција? Дали е извршена проверка на банкарската гаранција? Дали таа е сè уште активна, со оглед на тоа дека поминаа четири месеци? Правдајќи се со наводна тајност на постапката, Централниот депозитар и натаму им ги ускратува овие информации на сите засегнати страни во случајот.

Наспроти наводите за сериозен криминал во минатото на луѓето поврзани со „БПХЛ“ и нивно учество во коруптивни зделки, ниту една македонска институција досега не се одважи да ги истражи сомнителните руско-украински инвеститори и потеклото на парите со кои тие сакаат да ја преземат најголемата македонска нафтена компанија. Иако според законите има и надлежности и обврски да го стори тоа, Управата за финансиско разузнавањедосега не презеде апсолутно ништо во правец на истражување на основаните сомневања во искреноста на намерите на луѓето од „БХПЛ“. Наместо да го заштити македонското стопанство, што е нејзина главна обврска, Управата покажува незаинтересиран однос кон ова важно прашање, што дополнително ги продлабочува сомнежите дека државата е соучесник во обидот за инсталирање на дубиозниот офшор капитал во стопанството.

Всушност, фрапантно е тоа што единствената институција која реагираше во врска со случајот „Макпетрол“ не е од Македонија, туку од странство. Европската енергетска заедница уште пред неколку месеци испрати писмо до македонските надлежни институции, во кои бара одговори на отворените прашања околу случајот. ЕЕЗ, меѓу другото, изрази загриженост околу стабилноста на снабдувањето на земјата со гас, поради тоа што Макпетрол, заедно со државата е сопственик на компанијата Га-Ма, која го управува системот за пренос на гас во земјата. Македонските институции одлучија да го игнорираат писмото и загриженоста на ЕЕЗ, што отвори можност за нова конфронтација меѓу Владата и европското регулаторно тело и опасност од санкции кон Македонија.

Акционерите и вработените во Макпетрол, а и сите други заинтересирани страни и натаму чекаат институциите конечно да се изјаснат околу овој случај. Макпетрол и натаму е тема за која јавноста со право се интересира –значењето на нафтениот гигант за македонската економија е огромно, а ништо помали нема да бидат ниту последиците, доколку властите дозволат влез на сомнителни, криминални структури во домашното стопанство, пишува Плусинфо

Комисија за хартии од вредност Макпетрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

ВЕСТИ August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на…

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.