Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, обвинителката Ленче Ристоска и други членови на тимот на СЈО пред малку пристигнаа и влегоа во полициската станица Беко, каде што попладнево е приведен нивни колега истражител.
Од СЈО и МВР засега нема информација зошто е приведен истражителот. Пред полициската станица во центарот на Скопје има повеќе новинарски екипи, кои ќе го чекаат исходот од оваа најнова ситуација, која доаѓа откако СЈО успеа да земе податоци за прислушуваните материјали од Управата за безбедност и контраразузнавање.