„Долго време партиите во Грција се противеа околу тоа, но сега парламентот донесе одлука: до крајот на 2014 ќе бидат отпуштени 15.000 државни службеници“, објавува Дојче веле, додавајќи дека ваквата одлука ќе ја израдува т.н. Тројка односно Европската банка, ММФ и Европската комисија.
Брисел долго време ја советува Грција да го намали бројот на државниот апарат. Отпуштањето на 15.000 до крајот на 2014 е услов за новиот заем од 8,8 милијарди евра.
„Отпуштањето на работниците не е мерка на штедење, туку станува збор за новиот чекор во реформата на државната администрација. Значи не се работи за тоа дека со отпуштањата ќе се заштедат 300 милиони евра, туку неродуктивните и неквалификувани кадри ќе се заменат со млади колеги. И проблемот не е во бројноста на државните службеници, туку во тоа што тие работата ја добиле преку разни роднински и партиски врски“, објаснува политичкиот аналитичар и поранешен портпарол на владата Димитрис Циодрас.