Под сомнение дека силувал едно машко лице, а нападнал друго синоќа е уапсен потпретседателот на Британскиот парламент, Нигел Еванс.
Еванс, кој е претставник во британскиот парламент ја обавува и должноста заменик на претседателот на Долниот дом, беше сослушан во полицијата под сомнение дека силувал едно непознато машко лице и дека нападнал друг тинејџер.
55-годишниот Аванс е парламентарец од Конзервативната партија на премиерот Дејвид Камерун.
Според британските медиуми во периодот меѓу јули 2009 и март 2013 нападнал и силувал две момчиња во неговото родно место Пенделтон. Двете момчиња сега се на возраст од околу 20 години.
Еванс, кој неодамна јавно призна дека е хомосексуалец, по полициското сослушување е пуштен да се брани од слобода со кауција.
Полицијата засега не покрена официјално обвинение против Еванс, но соопшти дека тој треба да се јави на дополнително сослушување на 19 јуни.