Published: Monday, October 24, 2016 09:02
Опозициската центристичка Партија на литванските селани и зелената унија, која досега имаше само еден пратеник, победи на парламентарните избори во Литванија, освојувајќи најмногу парламентарни места.
Од вкупно 141 пратеник во Парламентот, оваа партија освои 56.
Конзервативната партија за татковината, која во првиот круг освој најмногу гласови, денеска доби 30 мандати, а владејачките социјалдемократи во заминување -17 места, соопшти Државната изборна комисија, врз основа на речиси целосни резултати.
Главна причина за победата на опозицијата е незадоволството на граѓаните од левичарската влада пред се поради малите плати и големиот одлив на работна сила од оваа балтичка држава членка на еврозоната.




