Заменик министерот за надворешни работи на Сирија, Фајсал Ал-Микдад изјави дека денешниот воздушен напад од страна на Израел врз воено-истражувачкиот центар во Дамакс, Сирија, значи „објавување на војна“.
Во изјава за CNN, тој навел дека Израел извршил два воздушни напади врз Сирија, и рекол дека тие напади се „показател за сојуз на Израел и терористите“. Микдад истакнал дека Сирија ќе возврати на напади кога таа ќе сака.
Според државните агенции и сириската телевизија, Ираел извршил напад врз воено-истражувачкиот центар во Дамакс во подрачјето на Ал-Хам.
Во соопштението од израелската војска се наведува дека „израелската војска нема да даде ниту еден кометар“ на сириските вести, и дека тие „ниту ги одбиваат, ниту ги потврдуваат тие информации“.
Инаку завчера Израел изврши напад од воздух врз Сирија. Се претпоставува дека истражувачкиот центар кој беше цел на последниот нивни напад денес е локација на која режимот на Башар ал Асад произведува хемиско оружје.