Пет лица загинаа во пожар на автомобил во Сан Франциско, на мостот Сан Матео. Во лимузината имало 10 лица од кои пет загинаа, а пет се полесно повредени, соопшти калифорниската полиција.
Загинатите се жени на возраст од оклу 30-тина години. Додека возел преку мостот возачот забележал дим во задниот дел и застанал но, за кратко време автомобилот бил целосно зафатен од пожар.
Тројца од повредените се пренесени во болница поради потешкотии со респираторните органи.