Премиерот на Србија Александар Вучиќ, по состанокот на Бирото за координација на службите за безбедност, изјави дека на територијата на Србија биле подготвувани нелегални активности во Црна Гора.
На прес конференција тој изјави дека во Србија биле задржани лица под сомневање дека го следеле премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ. Вучиќ додаде дека безбедносните служби нашле цврсти материјални докази дека во заговорот бил инволвиран и пензиониран генерал кој не го именува и кој планирал напади врз црногорски институции и функционери. Тој исто така рече дека во случајот не биле вмешани политичари ниту од Србија, ниту од Црна Гора.
Меѓу доказите се униформи, пари и диркенти признанија за активностите.
Според Вучиќ, Ѓукановиќ бил следен со најсовремени средства. За сето тоа се известени официјалните лица на Црна Гора, како специјалниот обвинител и нивните безбедносни служби. Некои од лицата што учествувале во следењето на црногорскиот премиер се уште се на слобода.




