Најџел Еванс ќе стои настрана на привремена основа, како заменик-претседател на Долниот дом, додека тој се бори против “целосно лажните” обвинувањата дека силувал една маж и сексуално нападнал друг, пишува Гардијан.
Поради стравувањето на спикерот на Домот Џон Беркоу, дека тој ненамерно може да го засени говорот на кралицата во среда, кога законодавна програма на владата ќе биде откриена, беше договорено дека заменик-спикерот ќе биде привремено изземен од должностите.
Но Еванс, кој жестоко ги негира обвинувањата и како што изјави вчера тие се комплетно лажни, како и тоа дека има “чувство на недоверба на овие настани”, сепак тој планира да оди во Долниот дом, каде што е популарна личност.
Неговиот адвокат изјави дека тој нема намера да се повлече од функцијата заменик-претседател или како пратеник.