Германската полиција денеска упадна во прифатен центар за бегалци и во уште 12 куќи во пет сојузни покраини, во потрага по лица за кои има сомнение дека финансирале терористички активности, објавија германските медиуми.
Антитерористичките единици спроведле рации меѓудругото и во Хамбург, Баварија и Северна Рајна Вестфалија, објави Шпигел.
Досегашната истрага не открила никаков конкретен ризик од терористички напад, се наведува во соопштението од полицијата.
Полицијата од втората половина на 2015 година спроведува истрага за 28 годипне државјанин на Русија со потекло од Чеченија, за кои посоти сомнение дека подготвувал „тежок чин на насилна субверзија“. Полицијата се сомнева дека имал намера да се бори на страната на самопрогласената Исламска држава.
Во текот на истрагата се појавил сомнеж дека овој Чеченец и уште десетмина мажи и три жени, сите руски државјани со потекло од Чеченија, финансираат терористички активности.
Сите осомничени живееле во Хамбург и Дортмунд, барале азил, имаат нејасен статус за престој, и се на возраст од 21 до 31 година, соопшти полицијата.




