Во мигрантскиот камп познат како Џунгла во францускиот град Кале во текот на ноќта избиле повеќе пожари, а во еден е повреден Сириец, откако експлодирала боца со гас.
Пожарите во овој импровизиран камп од кој од понеделникот започна евакуација почнаа да избиваат во вторникот навечер, а се и тензивираа во текот на ноќта особено на влезот на кампот, пренесува Фигаро. Се започна откако властите почнаа да ги уриваат импровизираните куќарки по одлуката на француската влада да ја урне најголемата нелегална населба во градот.
Во тој период експлодирале најмалку две плински боци, поради што поголем број од луѓето морале да се оддалечат и на 100 тина метри од камот.
-Досега евакуиравме од 150 до 200 мигранти, најмногу Сиријци и Авганистанци, меѓу кои и 15 деца кои се однесени во привремениот приемен центар, соопшти полицијата.




