Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун апелираше на воздржаност по израелските воздушни напади во Сирија за да се избегне ескалација на судирите, објавува Дојче Веле.
„Генералниот секретар ги повика сите страни да покажат максимум воздржаност и смиреност, и да дејствуваат одговорно за да се спречи ескалација на конфликтот кој е веќе многу опасен и разорен“, изјави Мартин Несирки, портпарол на Бан Ки Мун.
Тој разговарал телефонски и со шефот на Арапската лига Набил Ал Араби, откако 22-те земји-членки на блокот побараа Советот за безбедност на ОН да ги сопре израелските напади.
Израел викендов нападна воени објекти на периферијата на Дамаск, со образложение дека оттаму било лиферувано оружје за милитантната група Хезболах во Либан.