Официјален претставник на ОН вели дека постојат силни сомнежи дека сириските бунтовничките сили се користеле со смртоносниот нервен агенс сарин гас, во граѓанската војна во земјата, јавува Си-Ен-Ен.
Карла дел Понте, изјави на италијанско-швајцарска телевизија дека наодите дошле по интервјуа со доктори и сириските жртви во соседните земји.
Дел Понте, комесар на независната меѓународна комисија на ОН за истрага за Сирија, изјави дека идејата не е изненадувачка, со оглед на инфилтрацијата на странски борци во сириската опозиција.
Но, портпаролот на бунтовничката Слободна сириска армија (ФСА) Алмокдад рече дека бунтовниците дури и немаат неконвенционално оружје, ниту пак сакаат такво.
“Во секој случај, ние немаме механизам за лансирање на овие видови на оружје, за кои би требале проектили кои можат да носат хемиски боеви глави, а ние во ФСА не поседуваме вакви можности”, рече Aлмокдад.