Силен земјотрес вечерва ја погоди централна Италија и според Сеизмолошката служба во Италија неговата јачина била 5.4 степени според Рихтер.
Европската макросеизмичка служба пак, објави податоци дека земјотресот бил со јачина од 6.1 степени според Рихтер, и бил почувствуван на поголема територија.
Медиумите јавуваат дека засега нема информации за тоа дали има повредени, ниту пак за штети, освен дека делови од згради паднале, како и некои далноводи. Земјотресот бил почувствуван во цела централна Италија и во Рим. Епицентарот бил во градот Масерата.
Најновиот во 19.10 часот по локално време е последен во серијата земјотреси кои го потресуваат ова подрачје денеска напладне и чија јачина се движи од 5,4 до 6,4 степени според Рихтер.
Вечерва Министерството за надворешни работи во Скопје објави соопштение во кое наведува дека во моментов нема информации за евентуални поголеми штети и/или повредени граѓани.
– Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги известува сите заинтересирани дека за прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, можат да се обратат на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим, Италијанска Република, како и во Министерството за надворешни работи.
Лица за контакт:
Министерство за надворешни работи: Силвана Ивановска
Мобилен телефон: +38972 239 052
Е-пошта: silvana.ivanovska@mfa.gov.mk
Амбасада на Rепублика Македонија во Рим:
Емилија Николовска
Мобилен телефон: 00393889050310
Семра Рамадани Алими
Мобилен телефон: 00393485273136
Адреса: Via Bruxelles 73/75, 00198 Rome
Е-пошта: rome@mfa.gov.mk




