Published: Thursday, October 27, 2016 11:15
Турското обвинителство наложи притвор за 73 пилоти од воздухопловните сили што е последна од низата акции во врска со истрагата за неуспешниот воен пуч во средината на јули, објави агенцијата Анадолија.
На мета се нашле приврзаници на имамот Фетула Ѓул и воздухопловните бази во 18 турски провинции. Тие се обвинети за вооружен бунт против Турција.
Други медиуми објавија дека во текот на денот се очекува акција за апсење на над 200 војници и цивили.
Анкара го обвинува Ѓул, кој живее во егзил во САД дека стои зад организирањето на пучот, што тој го отфрли.
Од пучот на 15 јули до сега, во Турција се уапсени над 35.000 луѓе и отпуштени се или суспендирани над 100.000 вработени во јавните служби, правосудството, полицијата и војската.




