Двете жени активистки на заедницата Јазиди кои успејаа да избегаат од ропство на Исламската држава се добитнички на овогодишната престижна награда на Европскиот Парламент за одбрана на човековите права.
Нагрaдата Сахаров ќе им припадне на Nаџа Мурад и Ламија Хаџи Башар.
Тие се борат за заштита на заедницата Јазиди, а двете со месеци беа во ропство на Исламската држава.
Мурад беше киднапирана од нејзиниот дом во селото Кочо во близина на Синџар и однесена во Мосул, каде била терорисирана и силуана. Подоцна таа успеа да избега, но ги изгубила шестмината браќа и нејзината мајка при напад на селото.
Башар пак која исто така е од Кочо се обидела да им избега на киднаперите неколкупати во текот на 20 месечното ропство. Имала само 16 години кога била киднапирана.
По бегството таа станува познат борец за правата на овие жени.
Десетици илјади Јазиди се присилени да ги напуштат своите домови откако борците на ИСИС го зазедоа градот Синџар во северен Ирак во август 2014.
Илјадници жени се третирани како зло и отворено се продавани како робови на милитантите на ИСИС. Тие се одвоени од нивните мажи, кои биле убивани.
Годишната награда за слобода се доделува во чест на Андреј Сахаров, советски научник и дисидент.






