Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп ги отфрли резултатите на многубројните анкети кои навестуваат победа на ривалката Хилари Клинот и порача дека за 12 дена ќе победи во трката за Белата куќа.
Тој ги обвини медиумите за пристрасност во корист на Клинтон, додавајќи дека тој ќе победи во Флорида, Северна Каролина, Ајова и во Охајо.
Просечните резултати од анкетите со месеци покажуваат дека Клинтон е во предност пред Трамп, и дека контроверзниот милијардер изминатите месеци не бил во предност во ниту една од клучните засега неопределни држави. Единствено во Охајо Трамп е во незначителна предност но трката е прилично тесна.
На последното соочување на претседателските кандидати, Трамп сугерираше дека е можно да не ги признае резултатите доколку изгуби на изброрите. Тој не даде дециден одговор, но рече дека ќе одговори кога ќе дојде време и со тоа поттикна сомнежи дека е можно да ги негира.




