Земјите членки на ОН со мнозинство гласови узвоија резолуција со која се повикува на започнување преговори за договор со кој би се забранило нуклеарното оружје, наспроти силното противење на државите кои поседуваат атомски бомби и нивните сојузници.
Во текот на гласањето во Комитетот на УН за меѓународна безбедност и разоружување, 123 држави гласаа вчера за оваа резолуција, 38 беа против, а 16 воздржани.
Меѓу државите кои биле против резолуцијата се САД, Русија, Израел, Франција и Велика Британија.
Спонзори на резолуцијата се Австрија, Бразил, Ирска, Максико, Нигерија и Јужна Африка.
Резолуцијата сега ќе оди на Генералното собрание на ОН за која ќе се гласа во декември.
Целта на резолуцијата е во март 2017 да се организира конференција на која би се преговарало за „правно обврзувачки инструмент за забрана на нуклеарното оружје што би водело до негова целосна елиминација“.




