Боб Дилан и потврди на Шведската кралска академија дека ја прифаќа Нобеловата награда за литература.
Се уште не се знае дали тој ќе присуствува на церемонијата на доделување на наградата, но во интервју за британски Телеграф рекол дека ќе дојде „ако може“.
Шведската кралска академија на 13 октомври соопшти дека Дилан е добитник на овогодишната награда за литература, Меѓутоа, Дилан не се огласи и покрај обидите на Академијата да стапи во контакт со него.
Нобеловиот комитет соопшти дека не сака да врши притисок на американскиот музичар и поет и дека само од него зависи дали ќе се појави на церемонијата.
Во образлоќението на наградата Академијата наведе дека Дилан е добитник „поради создавање нов поетски израз во рамки на извонредната американска поетска традиција“.