НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Д.С. предизвикал две сообраќајки и избегал при контрола

6
By Нова ТВ on October 29, 2016 ПОЛИТИКА
Фото 24 вести
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

МВР попладнево излезе со соопштение во врска со сообраќајката што синоќа се случи кај Агенцијата за катастар на недвижности во скопската општиа Карпош. Во него МВР наведува дека возачот на туарегот што ја предизвикал сообраќајката е со иницијали Д.С.

Претходно медиумите неофицијално објавија дека се работи за дополнителниот заменик министер за труд Диме Спасов, кој по легитимирањето од полициската патрола избегал.

Соопштението ви го пренесуваме во целост.

– На 28.10.2016 година во 23:20 часот Е. А. на бројот 192 пријавил дека во градскиот парк во Скопје, движејќи се по сервисната улица кон хотел  Парк со своето возило ПМВ Фолксваген со скопски регистарски таблици кое што лично го управувал, бил удрен од ПМВ Туарег со скопски регистарски таблици кое доаѓало од спротивен правец. Поради тоа што возачот на ПМВ Туарег по предизвиканата сообраќајна незгода не застанал туку се дал во бегство, Е.А. со возилото се упатил по ПМВ Туарег. Возачот на ПМВ Туарег продолжил да се движи по ул.Франклин Рузвелт, по што свртел десно по ул. М.Т.Гологанов, па потоа по ул.Њуделхиска, каде што предизвикал и втора сообраќајна незгода удирајќи во ПМВ Рено со скопски регистарски таблици, и повторно, без да застане, продолжил кон ул.Алжирска, каде бил сопрен од полициска патрола.

Од страна на полициски службеници лично и непосредно било утврдено дека од возилото ПМВ Туарег, сопственост на Агенцијата за вработување, излегле Д.С. и сопатничката Т.К..

Д.С. на полицискиот службеник му кажал дека тој го управувал возилото, по што од страна на полицискиот службеник била известена Единицата за Информирање и Командување.

За време на  утврдувањето на идентитетот на Т.К., лицето кое го управувало возилото Д. С. разговарало на мобилен телефон и се оддалечило од возилото на неколку метри, по што со трчање се дало во бегство во правец на ул„Дрезденска“. Од страна на УПС од ПСОН Карпош заедно со тимови од единицата АЛФА биле извршени обиколки во непосредната околина, но лицето не било пронајдено односно успеало да избега.

Околу 2 часот на ул.Алжирска, односно на местото каде што било оставено ПМВ Туарег дошол М. Т. и на полициските службеници им пренел дека возилото Туарег било управувано од негова страна.

Од дадената изјава на М. Т. може да се констатира дека недоволно ги познавал околностите под кои се случени претходно опишаните сообраќајни незгоди, што наведува на заклучок дека тој не го управувал возилото.

Изјавата на М.Т. не кореспондира со изјавата на сопатничката Т. К. и утврдената фактичка состојба на лице место од страна на полициските службеници кои што констатирале дека во возилото се наоѓале само лицата Д.С. и Т. К..

МВР работи на комплетно расчистување на околносите околу случените сообраќајни незгоди, за што јавноста ќе биде соодветно информирана, се вели во соопштението од МВР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.