Поднесе оставка Мохамед Махмуд ал-Баргати, во знак на протест против опсадата на владините министерства од страна на вооружени групи, опишувајќи го како “напад” врз демократијата.
Оставката на Мохамед Махмуд ал-Баргати доаѓа откако вооружени лица во вторникот во главниот град на Либија, Триполи, ги држеа под опсада некои од министерствата, и покрај усвојувањето на парламентот на закон кој гарантира чистка на претставници од ерата на Гадафи, со што требаше да се смират демонстрантите.
„Никогаш нема да прифатам дека со политиката може да се управува преку оружје…Ова е напад врз демократијата за која се заколнав дека ќе ја негувам“, изјави ал-Баргати.
Тој е првиот министер кој се откажа за време на кризниот период во текот на опсадата.