Федералното истражно биро (ФБИ) тешко дека ќе може да ги прегледа сите мејлови кои би можеле да бидат поврзани со истрагата за користење на приватната електорнска пошта од страна на Хилари Клинтон за испраќање службени доверливи информации додека била државна секретарка, објави Си Ен Ен.
Повикувајќи се на неименувани претставници на ФБИ американската ТВ мрежа објави дека целиот процес на каталогизација на пораките најдени на лаптопот на соработничката на Клинтон Хума Абедин, инаку поранешна сопруга на конгресменот Антони Вајнер, би можела да биде завршена за неколку дена.
Сепак тие предупредуваат дека се свесни дека врз нив постои притисок.
Американските медиуми претходно објавија дека Вајнер бил под истрага на ФБИ поради испраќање на СМС порки со сексуална содржина на 15 годишни девојче од Северна Каролина, мејловите на Клинтон од времето кога била државна секретарка биле пронајдени на лаптопот што заедно го користеле со сопругата.
Клинтон вчера изјави дека ФБИ се добродеојдени да ја прегледаат нејзината електорнска пошта. Таа трет ден води кампања на која не присуствува Абедин.
ФБИ во петокот предизвика потрес во кампањата со објавата дека испитува нова група мејлови кои се битни за случајот Клинтон. Абедин која со Клинтон соработува изминатите 20 години, последен пат е видена со неа во петокот, кога шефот на ФБИ Џејмс Коми најави нова истрага, на само 11 дена пред изборит на 8 ноември.




