Ирачките специјални сили влегоа на периферијата на Мосул и напредуваат кон центарот и покрај жестокиот отпор на Исламската држава, која го држи градот, изјави ирачки генерал.
Војниците влегоа во квартот Гоџали и се наоѓаат на 800 метри од квартот Карама кој е во самиот центар. Според генералите на теренот силите на ИС возвраќаат и се обидуваат да спречат напредување. На патиштата кои водат кон градот се поставени бомби.
Ова е првпат ирачките сили да влезат во Мосул од 2014 година кога екстремистите на ИС го зазедоа градот. Мосул е последното упориште на ИС во Ирак. Во него тие го прогласија калифатот до Сирија и нивниот губиток ќе значи голем пораз за џихадистите.
Сепак, влезот во Мосул може да биде бавен и макотрпен процес за војниците кои треба да се впуштат во тешки борби од куќа во куќа во самиот град. Според војката тие се наоѓаат на околу 8 километри од градот.
Според извештаите на ОН од терен, ИС се обидува да префрли околу 25.000 цивили од други градови во Мосул, за да ги искоrисти како жив штит во одбрана на своите позиции. Цивилите биле пренесувани со минибуси.




