Најновите анкети кои сугерираат водство на кандидатот на републиканците за претседател на САД Доналд Трамп пред демократската ривалка Хилари Клинтон, го отворија прашањето, какви промени во американската политика ќе донесе неговата победа.
Влегувањето на Доналд Трамп во Белата куќа значајно ќе промени некои односи на САД и светот – тоа би значело крај на двопартизмот во САД и би ја однел земјата кон десно, би ја зголемило цената на нафтата во всетот и би довело до преиспитување на односите на САД со некои европски сојузници, сметаат аналитичарите.
Доколку Трамп стане претседател на САД, ќе дојде до протекционизам, односно воведување царински бариери, подигнување на ѕид кон Мексико и натамошен пад на ефикасноста на ОН.
Реториката на Трамп насочена кон исламистите и некои муслимански земји кои им помагаат би можела да има влијание врз цената на нафтата, имајќи ја нејзината чувствителност на геополитичките случувања. Во таа насока, некои одлуки би можеле да влијаат таа да скокне и над 50 долари за барел.
Аналитичарите истакнуваат дека Трамп често ги прозива британската премиерка Тереза Меј и германската канцеларка Ангела Меркел, па со тоа несогласувањата би можеле да се засилат доколку тој биде избран за претседател.
Ветувањето на Трамп дека ќе изгради ѕид кон Мексико за да ги одврати илегалните мигранти од преминување на границата може да го искористат градежните фирми, но ќе додје до пад на вредноста на мексиканската валута.
Исто така, Џенет Јелен, шеф на американската централна банка (ФЕД) може комотно да си ги „спакува“ работите доколку Трамп влезе во Белата куќа, бидејќи републиканецот смета дек ФЕД се политичка алатка на естаблишментот.
ФЕД се најде на мета на сите политички опции особено на десно ориентираните, кои тврдат дека централната банка не постапила како што треба за време на глобалната финансиска криза.
Некои аналитичари веруваат дека победата на Трамп ќе им оди во прилог на референдумите за самостојност и разните автономии во светот.
Како пример, аналитичарите го посочуваат постоечкиот италијански референдум за уставните промени може да доведе до пад на владата во оваа земја и заминување на премиерот Матео Ренци и јакнење на анти – ЕУ струјата.




