Босна и Херцеговина забрани да се користи нејзината музика во Македонија, откако Собранието на организацијата АМУС од Босна и Херцеговина, на последната седница одлучило да се забрани користење на музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Република Македонија, соопшти ЗАМП.
Забраната ќе се применува од 4 ноември.
ЗАМП е организација овластена да ги превземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на АМУС, а врз основа на склучените мегусебни договори за реципроцитет.