НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дачиќ сигурен во добивањето датум за Србија

0
By Нова ТВ on May 8, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека е сигурен во добивањето датум за почеток на преговорите за придружување кон ЕУ на Србија. Тој очекува посета од претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј во Белград.

Дачиќ изрази надеж дека во следнава недела ќе биде завршен планот за имплементација на бриселскиот договор и рече дека во другата половина на мај, очекува продолжување на разговорите со Приштина на највисоко ниво.

„Сакаме Србија да биде добра вест во светот и очекуваме добра вест и од Брисел“, изјави српскиот премиер на конференцијата „Како до преговори со ЕУ“, по повод Денот на Европа.

Првиот човек на Владата на Србија, оценува дека наредните денови ќе бидат клучни за тоа дали Србија ќе успее да ги заврши сите подготовки за добивање конечна позитивна одлука, објаснувајќи дека тоа нема да биде само одлука на Европската комисија, туку и на Европскиот совет.

„За да стигнеме до таа процедура, ние мораме практично во наредните неколку денови да го утврдиме планот за имплементација од договорот, а подоцна би била и процедурата во парламентите на земјите членки, и очекувам да во другата половина на јуни, биде потполно јасно дека Србија ќе ги започне преговорите“, нагласи српскиот премиер.

Според зборовите на Дачиќ, денес не постои дилема во Србија, барем кај главните политички фактори, дека главниот фокус и најглавна надворешно-политичка цел на неговата влада и државата воопшто е интеграцијата во ЕУ.

„Без сомневања, ЕУ е нашиот најзначаен партнер, инвеститор и сигурно е дека сме природно настроени кон ЕУ во секоја смисла“, додава српскиот премиер, наведувајќи со сигурност дека ЕУ ќе ја прошири својата перспектива на овој регион на што укажува случајот со Хрватска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.