НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова дознава: Се запалил апарат за дијализа во Чаир

0
By Менче Атанасова Точи on May 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се запалил апарат во Центарот за дијализа во Чаир додека еден од бубрежно болните бил приклучен на апаратот, дознава НОВА од пациенти кои се подложни на дијализа . Според неофицијалните информации, настанот се случил денеска, во претпладневните часови додека пациентите од првата смена биле на апаратите за дијализа.

Наводно, пациентот не бил повреден, а причината за инцидентот била дотраената електрична инсталација. Истите извори посочија дека надлежните сакаат да го прикријат случајот за да не излезе во јавноста.

НОВА се обрати во Центарот за дијализа во Чаир за да ја провери информацијата. Таму ни беше соопштено дека имало само дефект на апаратот додека пациентот бил на дијализа, но не и палење на апаратот. За подетални информации не упатија на Клиниката за нефрологија. Објаснување побаравме од директорот Александар Шиколе:

– Тоа е ноторна невистина, работиме со полн капацитет, а имаме и адекватни апарати за дијализа. Станува збор за провокација и клевета со зли намери изјави за НОВА д-р Шиколе.

Во телефонскиот разговор со него тој нагласи дека медиумите и некои злонамерни пациенти намерно прават сценарио со кое ќе се оцрни работата на центрите за дијализа, како и на Клиниката за нефрологија.

Од друга страна само пред десетина дена пациенти од истиот центар кои ги анкетираше НОВА по завршување на дијализата се пожалија на лошите подримски услови во кои се одвива дијализата и на старите апарати кои често се расипуваат.

Од здружението Нефрон пак, обвинија дека сеуште не ги добиле 200 нови апарати кои пред две години им ги вети министерот за здравство и покрај тоа што за потребите на болниците беше набавена скапа и софистицирана опрема во вредност од 100 милиони евра.

Инаку, пред неколку години во Центарот за дијализа во Чаир се урна таванот кој падна врз главите на пациентите. При инцидентот со повреди на главата и телото се здоби пациент додека ја вршел дијализата. Надлежните и тогаш се обидуваа да ја минимизираат ситуацијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.