Во три земји се притворени вкупно 31 лице осомничени дека се вмешани во спектакуларниот грабеж на дијаманти, вредни 50 милиони долари, од бриселскиот аеродром Завентем, пред три месеци, соопшти, денеска, белгиското јавно обвинителство.
Обвинителката Ања Бијненс кажала дека едно лице било приведено во Франција, шест во Швајцарија и 24 во Белгија, а сите биле поврзани со грабежот на аеродромот на 19 февруари.
Грабежот од страна на Светскиот центар за дијаманти во Антверпен тогаш беше означен како „еден од најголемите на сите времиња“.
Грабежот го извеле осум мажи маскирани како полицајци кои непосредно пред полетувањето на авионот влетале со возила на пистата и делот со товарот ги украле дијамантите.