Федералното истражно биро (ФБИ) на помалку од 36 часа од претседателските избори во САД ја отстрани заканата која лебдеше над кандидатката на демократите Хилари Клинтон и објави дека не направила кривично дело со тоа што ја користела приватната електорнска пошта додека била државна секретарка и дека не е под закана за обвинение.
Со ова ФБИ и ги засили шансите на Клинтотн воочи изборите на кои гласачите треба да одлучат дали таа ќе стане првата жена претседател на САД, сметаат медиумите во САД.
И додека изборниот штаб на демократите објави дека им е мило шти ова прашање е разрешено, од таборот на републиканците порачуваат дека „oва ништо не менува“ и дека истрагата на ФБИ „од самиот почеток е погрешно водена“.
Директорот Џејмс Коми објави дека во мејловите не се пронајдени докази кои би укажувале на кривично дело.
Коми во писмото до членовите на Конгресот наведува дека агенцијата ја завршила анализата на мејловите и дека не пронашла ништо што би го променила нивниот претходен став, односно нема елементи на основа на кои би било покренато обвинение против Клинтон.




