Најновите анкети во САД покажуваат дека Хилари Клинтон води со три проценти пред нејзиниот ривал Доналд Трамп на ден пред претседателските избори.
Според анкетата на Вол стрит Џурнал и ТВ станицата Ен Би Си Клинтон ја ужива поддршката на 44 проценти, а Трамп на 41 проценти од гласачите.
Сепак во таборот на Клинтон има мала загриженост откако Трамп го билда својот опримизам врз фактот што опасно се приближува особено последната недела, откако ударот беше зададен со новата истрага на ФБИ околу мејловите на Клинтон, сеедно што ништо скандалозно или загрижувачко не е откриено во нив.
Во меѓувреме ФБИ соопшти дека нема докази за покренување обвинение против Клинтон во врска со користењето на приватната електорнка пошта за службени информции додека била државен секретар.
Од останатите кандидати, либертаријанскиот кандидат Гери Џонсон има 4 поценти поддршка, за два проценти повеќе од кандидатката на Зеланата партија Џил Стајн.
Во САД утре 225 милиони Американци со право на глас ќе одлучуваат дали Хилари Клинтон или Доналд Трамп ќе влезе во Белата куќа.
Медиумите повикувајќи се на анкетите, оценуваат дека изборите никогаш не биле неизвесни, а истражувањето на јавното мислење спроведено кон крајот на минатата недел од Вашинтон пост и ТВ станицата Еј Би Си покажа дека Хилари Клинтон води за пет проценти пред Трамп (48-43).




