Курдските сили во Ирак денеска ја освоија Башика, еден од последните градови источно од Мосул кој беше под контрола на исламската држава.
За агенцијата АФП, генералот на овие сили Џабар Јавар изјави дека градот е под целосна контрола.
Нешто повеќе од 33.000 луѓе го напуштија Мосул, градот кој се смета за упориште на исламистите од 2014 година, и каде се проценува дека живеат околу еден милион луѓе.
Обединетите нации пак соопштија дека припадниците на исламската држава киднапирале 295 припадници на ирачките безбедносни сили во близина на Мосул и натерале над 1.500 семејства да се повлечат од градот Хамам ал Алил.
Светската организација смета дека овие луѓе ќе бидат користени како жив штит или во зависност од припадноста ќе бидат убиени.
Минатата недла, според ОН, биле киднапирани 30 шеици, од кои 18 во петокот биле убиени.




