Во време кога се прославува 27 години од падот на Берлинскиот ѕид, светот се разбуди со веста за победата на Доналд Трамп кој ќе биде следниот претседател на САД, а кој своевремено изјави дека планира изградба на ѕид помеѓу неговата земја и Мексико.
Социјалните мрежи се полни со иронични пораки, шокирани од големата победа на Доналд Трамп.
„Тажната иронија е дека Берлинскиот ѕид падна на денешен ден во 1989 година а претседателот Трамп е пред изградба на нов, што е брутално“, пишува Хери Лезли Смит на Твитер, а која е една од пораките кои ги пренесуваме.
Во текот на годините Германците го раздаваа бетонот кој е врежан во нивната историја но “земи и носи плоча“ не е едноставен процес.
Илјадници парчиња кои се преостанати во Берлин, складирани се во депото на ботаничките градини а му припаѓаат на градскиот Сенат. Во Русија има само еден сегмент од ѕидот кој, од 1961 година до 1989 го делеше Берлин, додека стотици се распространети низ САД.
Официјалното уривање на ѕидот започна на 13 јуни 1990 година а беше комплетирано во 1992.





