НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто победи Доналд Трамп?

0
By Биљана Секуловска on November 9, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дел од светот е шокиран од победата на Доналд Трамп, новиот американски претседател, но оние кои го поддржуваа, оние кои гласаа за него го примаат неговото појавување на победничката сцена како нормално, очекуван расплет.

Проблемот е со оној дел кој е шокиран, особено елитите-  кампот на Хилари Клинтон, политичките пандити, опинион- мејкерите, новинарите- интектуалната елита која потфрли во свесноста за новиот век- супремацијата на Интернетот.

Валканата кампања на Трамп, измислените вести на сајтови како оние во Велес, Македонија, лагите и манипулациите за нејзините врски со ИСИС, Исламската држава, дека таа го финансира тероризмот, но и дека е корумпирана и е финансирана од тој ист тероризам, дека е богата и игнорантна кон средната класа која осиромаши и уште повеќе кон ниските слоеви.

Сеедно што клучните пораки и се однесуваа на опасноста од надворешната политика на Трамп, или пак неговите закани дека ќе ја редефинира етничката мапа во Америка, или дека ќе воведе праведен систем за посиромашните.

vikilliks

Едноставно, белите мажи и жени се уморни од ветувањата на богатиот естаблишмент кој е арогантен во својата супериорност како образован, богат и глув. Во ислушување на нивните животни потреби, од стравот од имиграцијата, од тероризмот, од традиционалните медиуми кои мислат дека можат не само да кажат што да се чини, туку и како да се мисли и кои мора да бидат клучните поенти, прашања за кои мора неизоставно да се мисли.

Публиката покажа дека Интернетот е нивното поле на демократија-  некои од сајтовите, сеедно дали се со лажни вести или не, сметаат дека им нудат информации кои ги кријат традиционалните медиуми.

Социјалните медиуми им даваат крила на ваквите сајтови- споделувани стотици и стотици илјади пати, лајкувани и мнбогу, исклучително важно- публиката има право да дебатира, она што е невозможно на традиционалните медими и таму само богатите бели елити се задолжени за прекројување на политиката, но поважно, за мислење. Сега осиромашените бели мажи и жени покажаа дека знаат да мислат, имаат право на објавување на тој став и ќе гласаат за кого сакаат- а не за онаа, богатата претставничка на естаблишментот кој го презираат.

Кампот на Доналд Трамп очигледно направил одлична проценка како дише, се движи, до што се храни публиката: таа сака риалити шоу, крв, пот и борба пред нивните очи, но со право да ја коментираат постојано.

Кампот на Хилари Клинтон беше фокусиран на традиционалните медиуми, кои се игнорантски кон активна комуникација со јавноста, и знаат само за едно- да и патронизираат.

Победи Трамп благодарејќи на недоволно информираниот граѓанин, на моменти комплетно неинформиран. Иронијата е што тој, овој проблематично информиран граѓанин смета дека сега, благодарејќи на Интернетот, дознал се што му криеле досега.

Граѓаните се информираат за светот кој ги опкружува, за политичарите кои ги претставуваат и водат не исклучиво, но сепак, најмногу од медиумите- тоа е одговорот кој кампот на Хилари Клинтон треба да и го даде на нејзиното прашање зошто потфрлиле нејзините советници и целиот тим конечно кој бил задолжен да ја однесе кон победа.

hil

Кампот на Трамп ќе им објасни цинично- политика и победник не се води и не се победува во свилени ракавици. Не во ерата на Интернетот, кога се е нереално, фиктивно и да, ужасно привлечно за сепак да се верува во илузијата. Трамп им понуди илузија, фантазија дека со него ќе го менуваат светот.

Клинтон им се претстави како лидер кој ќе ги води- Трамп ги галеше и забавуваше, Клинтон беше сериозна и крута, не гледаа веселост, забава, шоу- како да побегнат од вистинскиот свет со неа? Трамп им нудеше светлост во политичката суморност.

Безгрижно летаа со него- и сега, никој не знае дали ќе треснат сите заедно или ќе биде ова поинаков свет, или можеби истиот- но тоа Трамп не му го соопштува никому. Добредојдовте во новиот, којнае колку добар или лош,  но свет кој е воден од новите медиуми, а го пригрли целиот свет, несвесен за светот и за сопственото место во него.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.