Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле денеска предупреди дека исходот од претседателските избори во САД би можел да биде предупредувачки знак за потенцијалниот популистички подем на парламентарните избори во Германија следната година, пренесува порталот Политико.
– Популизмот не е проблем што се случува само во САД, напиша Шојбле во германскиот весник Билд, предупредувајќи на можен локален Трамп- ефект.
Германскиот министер ја обвини политичката елита, деловните кругови и општеството како целина и смета дека владејачките партии треба да се потрудат во политичкиот процес да вклучат што е можно повеќе луѓе.
-Доколку сме отворени кон други перспективи и се преиспитуваме, тогаш популизмот нема да може толку лесно да се наметне, заклучува Шојбле.




