Од дописникот на НОВА од Вашингтон, Биљана Секуловска
Никој не може со сигурност да се обложи- но, сега барем во моментов, перспективите на Династијата Клинтон изгледаат безнадежно. Таа замина и е мртва во политичката иднина, тоа се дел од анализите, иако не смее никогаш да се исклучи воскреснување, политичките околности можат да бидат милостиви и кон Хилари Клинтон, зошто не и кон Бил Клинтон, дури и нивнстс ќерка Челси не смее да се отпише од политичката мапа на преварувач- Кој е кој.
Но, засега Хилари Клинтон го чувствува ударот од оние од кои се надеваше- не го препозна сензибилитетот на средната американска класа, тоа е првата кардинална грешка за која таа не беше свесна. Таа се оддалечи од нив, во секој поглед- вклучувајќи ги манирите, ставот кон секој што не е дел од тесните кругови на најмоќниот град на светот, па се до исхраната- од девојка што јадеше Мекдоналдс, се претвори во жена која инсистира на веганство.
Да, Доналд Трамп тешко може да се идентификува со сопствените гласачи, но тие го препознаваат како свој кога им ја треснува на маса агресивната реторика по која се слични. Ставовите на Трамп се екстремни, застрашувачки, но изговорени во забавен манир, кој ги засмејува, освен што им дава крила и тие, неговите гласачи, со високи тонови да го најавуваат новото време- каде нема имигранти, женски права, ЛГБТ права, праведни даноци за сиромашните, заедништво и братство во секој поглед, вклучувајќи ги сојузите со другите земји во светскитe организации и институции.
Династија Трамп
Бил и Хилари Клинтон, оваа моќна двојка имаше премногу багаж кога таа реши да стане демократски претседателски кандидат- многу афери низ годините, врзани со бизнисите, на дневен ред дојдоа скандалите на претседателот Клинтон, кого го затресоа жените, подоцна мејловите на Хилари Клинтон, огромно искуство во политиката- да, но премногу ги имаше во политичка смисла на зборот.
Доналд Трамп беше познат, но како успешен бизнисмен и како шоу- ѕвезда. Сериозната, загрижена за политичките теми династија Клинтон, дел од тесната елита каде има правила и нема простор за импровизации.
Наспроти забавниот шоумен Трамп, кој е мајстор на бизнис жонглирање, политички безгрижни изјави, кои ги прегрнуваат обичните луѓе. Што ако естаблишментот и намрштените новинари- припадници на таа иста елита како Клинтонови, што ако тие го критикуваат, тие немаат повеќе толкаво влијание и моќ кај просечниот гласач. Немаат одлучувачко значење.
Доналд Трамп покажа дека доаѓаат други времиња- прво го елиминираше Џеб Буш, дел од династијата Буш, за подоцна на ред да дојде уште една скапоцена фигура на друга династија- Хилари Клинтон. Белата куќа сака династии, но гласачите овој пат го променија ликот на Авенијата Пенсилванија, број 1600.