Основниот суд во Приштина му одреди еден месец притвор на најголемиот косовски нарко бос Насер Кељменди.
Тој беше уапсен пред два дена врз основа на налогот кој го издаде обвинителот на ЕУЛЕКС.
Кељменди е под истрага за неколку кривични дела, за обид за убиство во БИХ, трговија со наркотици, како и за организиран криминал.
Акцијата за негово апсење е изведена во координација меѓу домашните и обвинителите на ЕУЛЕКС.