Published: Friday, November 11, 2016 11:31
Турските власти денеска го уапсија директорот на управниот одбор на опозицискиот весник Џумхуриет, откако минатата недела беа уапсени деветмина уредници и новинари.
Џумхуриет објави дека претседателот на УО Акин Алтаји е уапсен на аеродромот во Истанбул на враќање од Германија, објави АФП.
Деветмина уредници и новинари, меѓу кои и главниот уредник се наоѓаат во притвор од минатата недела и се очекува судење, додека упадот на полицијата во весникот предизвика силни реакции на загриженост во светот во врска со кршењето на слободата на медиумите во Турција.
Сите се обвинети за поддршка на муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен кого Анкара го посочува како организатор на неуспешниот пу во јули годинава и на курдското движење.




