Најмалку 29 луѓе се уапсени во Орегон за време на протестите во знак на незадоволство од изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД. Полицијата соопшти дека протестите станале насилни и преминале во нереди.
Демонстрантите, како што пренесуваат американските медиуми започнале со кршење на прозорци на објектите и палење на контејнери.
Околу 4.000 демонстранти излегоа на улиците на Портланд, а околу полноќ почнале да фрлаат кон полицијата со камења, на што таа одговорила со гасни бомби и бибер спреј за да ги растера.
До утрото, бројот на демонстраните според медиумите се намалил на 1.500.
Повеќе илјади граѓани, меѓу кои студенти, од сртедата организираат протести во голем број градови низ Америка. Трамп пак на Твитер ги критикуваше демонстрантите и медиумите. – Штотуку имавме многу отворени и успешни претседателски избори. Сега непрофесионалните демонстранти поттикнати од медиумите протестираат. Не е фер, напиша Трамп.
Во текот на кампањата сега избраниот претседател често ги критикуваше весниците нарекувајќи ги „одвратни“ и „нечесни“ .
Околу 1.000 студенти одржаа марш низ центарот на Сан Франциско блокирајќи го сообраќајот и извикувајќи „Тој не е мојот претседател“, пренесува АФП.
Студенти и ученици излегоа и во други градови во Калифорнија, меѓу кои Напа и Хејворд.
Во Лос Анџелес неколу стотина демонстранти поминаа низ кампуто на Уницверзитетот УЦЛА со транспаренти против Трамп.
Околу 200 демонстранти се собраа и во Њујорк во паркот Вашингтон Сквер на Менхетен. Поради тоа преземени се посебни мерки на безбедност околу кулата на Трамп кои ќе бидат на сила до јануари кога тој ја преземе должноста. Околу зградата се поставени барикади и воспоставена е зона на забрането движење во радиус од 3,21 километар.
Пред самиот влез е паркирана колона камиони наполнети со песок кои претставуваат барикада долж Петтата авенија. Облакодерот е висок 202 метри и има 58 ката и е работното место на идниот американски претседател.
Инаку во демнстрациите против неговиот избор од средата досега учествувале десетици илјади луѓе низ цела Америка, а планирани се и во текот на викендот.







