НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неделкова: СЈО било формирано оти очигледно имало потреба

0
By Сашка Цветковска on November 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова, во вечерашното интервју за емисијата 360 степени рече дека иако таа била првично против формирање закон за специјално јавно обвинителство, сепак потреба за такви интервенции постоела бидејќи постоечките тела не работеле најдобро во случаите на висока корупција и организиран криминал.

Јас немам што да мислам кога веќе постои закон. Јас пред да се донесе кажав дека таков закон не треба. Очигледно тоа било нужно штом се донесе тој закон. И тоа е волја на четирите политички партии. Од она што го слушам и јавно е споделено не само со медиумите, туку и со експертските групи кои работеле на превенција на корупција, очигледно е дека навистина не бил најдобар односот на обвинителството кон тие предмети, па затоа тоа обвинителство е и формирано. Очигледно дека има кривични дела, но за тоа треба докази, не се доволни снимките, рече Неделкоа за 360 степени за Алсат ТВ.

Панчевски не заслужува втор мандат

Неделкова, исто така, рече дека не се согласува со идејата за специјален суд, но не ја отфрли целосно идејата таа идеја велејќи дека можно е да се направи избор од судии кои би ги работеле само предметите на СЈО или висока корупција. Потоа иронично додаде дека тоа сепак е суд во којшто Владимир Панчевски е претседател, па оттука,  „што би можело да се очекува тогаш од тоа одделение во тој суд“, се изрази Неделкова која во текот на интервјуто отворено го критикуваше претседателот на Кривичниот суд.

Таа рече дека Панчевски не заслужува втор мандат како претседател на судот (мандатот му истекува на 4 декември), а го обвини и дека им наложувал на судиите како да толкуваат одредби од законите во одредени случаи.

Токму јас го промовирав судијата Панчевски да биде судија во Одделението за организиран криминал. Како судија можеби си ја практицираше судиската функција коректно, професионално, меѓутоа сега очигледно не се снаоѓа во оваа функција како претседател на Кривичниот суд. „Каков е вашиот став во однос на укажувањата на судијата Панчевски, како да се однесуваат кога ќе постапуваат по некој предмет?“ Веќе долго време знам за неговите чудни навики со некакви укажувања писмени. Тој често пати им укажува и како применат некоја одредба од законот и како да не ги почитуваа одлуките на Врховниот суд, такво укажување сум видела. Јас тоа го споделив со членовите на Судскиот совет и со него, меѓутоа немаше резултати. Во секој случај чудна навика и неспојлива со претседател на суд.

Прашана дали и е позната праксата на Судскиот совет да бара дозволи од премиерот за објавување огласи за судии за тој да направи избор, алудирајќи на една од „бомбите“ каде што ваков разговор со секретарката на премиерот води поранешната претседателка на Судскиот совет Александра Зафировска, таа беше критична и кон неа.

Јас сум поборник за тоа дека трите власти не треба да се натпреваруваат, туку да соработуваат. Но, не на ваков начин. Тие треба да соработуваат на ниво на донесување на закони. Јас не знам зошто му се јавувала на премиерот и не знам дали толку беа агилни при објавувањето на пример на судии на Врховниот суд. Повеќе од две години не се објавуваше оглас за четири судии кои се пензионираа.

360 степени Владимир Панчевски Лидија Неделкова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.