Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финти со слични имиња повторно ќе ги бунат гласачите на избори

0
By Нова ТВ on November 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 12, 2016 15:13

Како и во последните неколку изборни циклуси, целосно анонимни изборни кандидати со многу слични имиња како кандидатите на опозициската СДСМ се најдоа на изборните листи.

ИПортал објави дел од листата на кандидати предложена од СДПМ на Бранко Јаневски, која иако нема никакви активности, пред секои избори поднесува листи на кандидати со имиња и презимиња исти или слични на носителите на листите од опозицијата.

Во третата изборна единица оваа партија како носител на листа има поставено лице со исто име и презиме како Љупчо Николовски, дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој исто така е носител на листата во таа изборна единица на опозицијата.

листа

И не само Николовски, гласачите ќе имаат можност да бидат збунети и од други имиња како Стево Продановски и Радмила Шукуроска.

Стево Пендаровски кој е носител на СДСМ во првата изборна единица, ќе се натпреварува со кандидат од СДПМ кој се вика Стево Продановски од Зелениково, додека на Радмила Шеќеринска, која е носител во петтата изборна единица, ќе и се спротивстави Радмила Шукуроска од Прилеп, објави СДК.мк.

Вакви слични имиња кои имаат за цел да ги збунат гласачите, особено повозрасните или оние со послаб вид, се појавуваа на многу од изборните циклуси во минатото.

Медиумите уште во 2008-ма пишуваа за феноменот во кој Рада Шекеровска од оваа партија му одзела дури три мандати на СДСМ заради сличното име со Шеќеринска, во првата, четвртата и петтата изборна единица.

Партијата на Бранко Јаневски и тогаш кандидираше кандидати со исти имиња како Зоран Зашов, кој има исто име и слично презиме со Зоран Заев и Јанис Макрис, кој има слично име со Јани Макрадули, Игор Ивановски, Петре Петров, Марјанчо Наков и други.

Бранко Јаневски

Јаневски за провладините портали изјави дека неговата Социјал-демократска партија на Македонија (СДПМ) на предвремените парламентарни избори ќе учествува самостојно, без коалицирање со другите партии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.