Published: Saturday, November 12, 2016 18:47
Победата на Доналд Трамп предизвика бројни реакции ширум светот, демонстрантите се на улиците во САД трета ноќ по ред извикувајќи пароли дека Трамп не е никаков претседател, а новинарката на „Гардијан“ Моника Рајеш денеска доби отказ поради твит дека е време за атентат на новоизбраниот претседател.
По бројните негативни коментари и критики, нејзините профили на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер се деактивирани.
„Дали „Гардијан“ веќе ја предаде новинарката на полицијата?“, е само една од објавите на лутите корисници на Твитер.





