НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО за Македонија очекува поддршка од старото членство и 15 пратеници

0
By Нова ТВ on November 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со истите бои црвена, жолта и црна, познатото лавче симбол на ВМРО и химната „ВМРО ти си наша судбина“, новата коалиција ВМРО за Македонија вечерва ја започна борбата за враќање на старото членство на партијата и пораз на новото раководство. Разочарани од водството на ВМРО-ДПМНЕ под палката на Никола Груевски, членството на партиите Обединети за Македонија, ВМРО Народна и Достоинство вечерва во Македонската опера и балет ги промовираа кандидатите за пратеници и рекоа дека нема шанси по изборите да се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

Носителите на листи сите облечени во темни костуми и црвени кравати, во преполната сала беа пречекани со громогласен аплауз додека во позадина ечеше химната на ВМРО-ДПМНЕ. На почетокот на конвенцијата пејачката Верица Ристевска ја испеа државната химна, а веднаш потоа се обрати еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ Гојко Јакимовски. Тој пред сите ја раскажа приказната за основањето на партијата и рече дека кога одлучувале кој да ја води, водејќи се од интелектот и харизмата го избрале Љубчо Георгиевски, верувајќи дека ќе биде вистински војвода.

Како што кажаа носителите на листите, нивната коалиција ќе се бори за демократизација на општеството, развивање на економијата и враќањето на слободата и демохристијанските вредности. Братот, војводата и генералот рекоа дека ќе се борат за старото членство на паритјата, но бараат и поддршка на нови членови.

Генералот Стојанче Ангелиов рече дека во 2001 година се борел со оружје за тазковината но дека дошло време борбата да ја продолжи во водите на политиката.

Љубе Бошкоски рече дека патот по кој што тргнале е тежок, но со победничиот двоец засилени со генералот Ангелов имаат сили и ќе се движат кон врвот, кон Хималаите. Тој додаде дека за вистинските вмровци само врвовите хималајски можат да бидат лимит.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО Народна партија рече дека ним не им требаат реклами и спотови за да покажат дека се големи патриоти. Тој ги врати сеќавањњата на членовите кога тој беше премиер. Георгиевски смета дека најголем грев на народот ќе биде ако на една партија и дадат 63 пратеници, бидејќи тоа водело кон присилби и тензии.

Оваа коалиција очекува најмалку 15 пратеници, а ветува дека ќе се бори протов реваншизмот и омразата.

Носители на листо од оваа коалиција се Ден Дончев во ИЕ 1, Љупчо Балковски во ИЕ 2, Стојанче Ангелов во ИЕ 3, Љубчо Георгиевски во ИЕ 4, Љубе Бошкоски во ИЕ 5 и Зоран Велковски во ИЕ 6.

 

ВМРО за Македонија конвенција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.