НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трка во уназадување

0
By Нова ТВ on November 13, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југоисточна Европа

Минатата недела во САД Трамп беше избран за претседател. А во Македонија пристигна Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата во процесот на интеграција во ЕУ. Многумина беа затечени од фактот што досега најконтроверзниот кандидат во претседателските избори на САД, популарен по неговите радикални изјави за градење ѕидови како и други расистички, ксенофобични и сексистички ставови всушност победи на изборите, додавајќи притоа уште еден чуден пример во низата настани кои започнаа со Бегзити продолжија со други случаи на доаѓање на власт на конзервативни, десно ориентирани политичари со јасни ксенофобични и расистички ставови.

Познавачите на овие процеси објаснуваат дека победата на Трамп се должи на повеќе фактори од кои првиот е потребата за промена. Имено, во САД постои непишана практика на недозволување на една политичка партија да биде на клучните функции на власт за повеќе од два мандати. Така, не е многу важно кој е кандидатот, важно е дека “спротивната страна” ќе победи кога е време за промена. Друга работа која се поврзува со овој начин на размислување е што граѓаните во САД имаат проблем со семејните династии во претседателството и не одобруваат таков избор, иако е нејасно како одобрија два мандата за Буш помладиот, а сепакКлинтон не ја оценија како достојна за таа позиција. Тука сепак клучна улога изгледа дека играше и скандалот во врска со нејзината електронска коресподенција кој се оцени како многу посериозен од сите скандалозни изјави на Трамп.Понатаму, има уште една многу интересна ситуација, во која што, и покрај народното гласање, во кое Клинтон доби повеќе гласа од Трамп, сепак изборниот одбор (Electoral College) го избра Трамп за претседател. Ова е втор пат изборот на овој одбор да не кореспондира со народното гласање после случајот на Ал Гор кој истотака беше демократски противкандидат на Буш. И на крај, тоа што е интересно е дека 45% од граѓаните со право на глас во САД не гласаа на овие избори, што е највисока стапка на апстиненција од гласање во последните години во ова земја.Сепак, како и секогаш, иако нацијата беше многу поделена на овие избори, кога истите завршија а резултатите беа објавени, Клинтон му ја честита победата на Трамп и достоинствено ја прифати нејзината загуба.

Во однос на сево ова што се случуваше во САД, и во склоп на тоа што пишува на Извештајот на ЕК за Македонија за 2016година може да се изведат неколку поуки и заклучоци:

-Покрај сите оправдувања во врска со системот на избор и функционирањето на институциите сепак, навистина е разочарувачки што во една развиена и напредна земја како што се САДголем дел од граѓаните подржаа кандидат кој има јасно изразени проблематични ставови кои не само што навредуваат цели групи на граѓани туку и сеат омраза и поделеност по етничка, верска и родова основа. Во овој однос, јасно е дека целиот тој процес беше доживеан од многу како сериозно уназадување во однос на грижата за човекови права, толеранцијата и интеграцијата. Моментално, многу земји во светот како да сакаат да се натпреваруваат со нас во тоа кој ќе уназадува повеќе, а ние во тој однос може дури и лекции да им држиме од типот на “веќе видено, веќе доживеано”.

–Во таа трка кој ќе се уназади повеќе во најкратко време, јасно е дека ние водиме веќе одамна. Доволно е само да се прочита почетокот на Извештајот на ЕК за оваа година и да се соочиме со отворените критики за киднапирана држава, нефункционални државни институции, судство кое е уназадено со години наспроти големите пари инвестирани во реформи, селективна правда и неспремност на институциите да се справат со случаите на корупција и на организиран криминал, како и не доволно унапредени меѓуетнички односи. Така што, земјите кои ни “завидувале” на ваквото уназадување, треба јасно да знаат дека имаат многу да научат и дека засега уште не се никаде стасани. Па тие само избраа несоодветни луѓе да ги водат. Треба допрва да научат како се киднапира државата, како од политичка партија се прави злосторничко здружение, како тоа здружение се прилепува во државните институции, како потоа тие прават се да го заштитат здружението, како граѓаните се заробуваат со мали услуги со цел да се држи под контрола нивниот глас, како се градат медиуми кои сето тоа ќе го претставуваат како највисок сталеж да демократијата, како судството се вклопува во целата приказна како камче од мозаик наместо да оневозможува такво функционирање на власта, и многу други лекции кои треба да се научат за да се положи крајниот испит по предметот Суштината на уназадувањето. Е тогаш ќе можеме да споделиме искуства, кои се споделуваат само меѓу еднаквите, а засега во овој контекст нам навистина ни нема рамни.

-Кога луѓето живеат во земји каде што демократијата функционира во државните институции и каде што власта е поделена реално, а не само теоретски, тогаш се случува и да згрешат во нивните одлуки. Но нивната грешка полесно се оправува бидејќи системот на контрола и баланс функционира. Така, при погрешното работење на една гранка на власта другата алармира дека нешто не е во ред, а кога медиумите работат како што треба, тоа веќе не може ниту да се крие, и на крај независниот суд е тој кој што ги дава соодветните одлуки засновани во право на не на вољата на било кој моќник. Меѓутоа, во земји каде што демократијата и владеењето на правото се “постојано предизвикани” како што пишува во Извештајот на ЕК за Македонија, евентуалните грешки при одлучувањето се многу потешко да се коригираат, бидејќи после изборите вообичаено следи неконтролиран и противзаконски реваншизам кон политичките опоненти (случаите на СЈО под наслов “Тортура” и “ТНТ”), затварање на медиуми кои не може да се контролираат (случајот А1 Телевизија), како и целосно преземање на власта со сите нејзини законски контролни механизми и раководење на мафијашки начин црпејќи сила од тој единствен ден на изборите во кој граѓаните го кажуваат своето и никогаш повеќе не се прашуваат за ништо. Во таква реалност, нема кој да го браниграѓанинот од противзаконското работење на партијата на власт. Затоа е важно да се работи за зајакнување на институциите и да се поддржи субјектот кој се залага тоа да го направи. Затоа е важно таа заложничка криза да биде прекината од самиот заложник, инаку, истата нема да се повлече сама по себе.

Време е за промена. Така изгледа дека е случајот во сите земји во кои во последно време имаше избори. Промена имаше, иако според многу тоа беше уназадување а не напредок. Сепак, промена имаше. Време е и кај нас да има промена. Па нели водиме во уназадување веќе цели десет години. Е сега кога многу светски земји сакаат да се уназадат како нас, можеби ние ќе тргнеме сосема на друг, спротивен правец, па после некоја година, другите ќе сакаат да напредуваат како нас, чим сме така големи трендсетери!

И за крај, во време на Хамлетовата дилема да се биде или не, мора да се знае дека неутрални нема. Бидејќи сите лоши политичари се избираат од добри луѓе, кои одлучуваат да не гласаат на избори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.