Со транспаренти „Србија, па се друго“, „Ќе го ослободиме Косово“ и слично, над 3000 Срби од северот на Косово денеска се собраа на Плоштадот на Републиката во Белград.
Учесниците на протестот носат маици со натпис „Никогаш граници“, како и Српски знамиња.
Причина за протестот е незадоволството по потпишувањето на договорот во Брисел меѓу премиерите на Косово и Србија, Тачи и Дачиќ.
Според медиумот Б92, некои од учесниците на протестот носеле постери од вице-премиерот на Србија Александар Вучиќ, како и од Претседателот Томислав Николиќ, на кои пишува „Тие го предадоа Косово“.
Според најавите, еден градоначалник од северно Косово и еден од јужно Косово ќе им се обратат на учесниците, како и еден студент од Универзитетот „Приштина“.
Пратеникот на Демократската партија на Србија, и воедно еден од лидерите на косовските Срби, Марко Јакшиќ, соопшти дека митингот на Плоштадот на Републиката, кој започна во 12:44 часот, е како симболичен гест, согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за Косово.