НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќерката на киднаперот Кастро: „Не плачам за него“

0
By Нова ТВ on May 10, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ретко кога една ќерка употребува жестоки зборови опишувајќи го својот татко.

Енџи Грег, ќерката на Ариел Кастро, човекот осомничен за киднапирање на три жени кое траело околу една деценија, го опишува својот татко како „најзлобниот, демонски криминалец“.

„Тој е мртов за мене“, вели Грег во интервју за CNN, нагласувајќи дека таа својот татко го знаела како „пријателски настроен, грижлив човек“. Денес таа не сака да го види.

„Никогаш повеќе нема да го посетувам, нема да му се јавувам“, вели таа. „Тој никогаш повеќе нема да биде Тато за мене“.

Кога за првпат слушнала на вести за киднапирањата, Енџи Грег вели дека посакала веднаш да „потоне во земја“. Таа ги познавала Бери и де Хесус од нејзините школски денови.

Секогаш кога одела во посета кај својот татко (кој бил разведен со мајка и), Кастро се задржувал доста долго време пред да и ја отвори вратата, се сеќава Енџи.

Вратите секогаш биле заклучени. Неа ја внесувал од задната врата, не допуштајќи и да влезе преку главниот влез на куќата.

Од време на време, тој исчезнувал од вечерата без никакво објаснување за неговото отсуство.

Подрумот секогаш бил заклучен.

Како што вели таа никогаш не била малтретирана од нејзиниот татко, ниту пак нејзините сестри. Но, тие биле сведоци како тој ја тепал нивната мајка, Гримилда Фигуероа, која Кастро ја обвинувал дека го мамела со соседите.

„Сум го гледала како буквално ја гази мојата мајка, како таа да беше машко“, раскажува за CNN, Енџи Грег.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.