Бугарскиот премиер Бојко Борис синоќа изјави дека поднесува оставка бидејќи кандидатката на неговата владејачка партија Герб доживеа пораз во вториот круг од претседателските избори.
– Утре или задутре ќе поднесам оставка. Резултатите јасно покажуваат дека владејачката коалиција нема мнозинство. Им се извинувам на оние кои не поддржуваа. Сметам дека правам вистинска потег. Спортист сум и знам како да победувам и како да губам, изјави синоќа Борисов.
Централната изборна комисија соопшти дека при пребројани 99,33 проценти од гласовите, бившиот генерал Румен Радев освоил мнозинство гласови во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, со нешто повеќе од 59,35 проценти, додека Цецка Цачева, кандидатка на Герб – 36,17 отсто.
-Демократијата ја победи апатијата и најмногу стравот“, изјави пред новинарите Радев.
Борисов претходно најави дека доколку Цачева не победи, ќе распише предвремени избори.
За првпат во историјата на Бугарија, гласањето беше задолжително.
Француската агенција АФП која ја пренесе изјавата наведува дека Борисов, кој е носител на црн појас во карате се “нокаутирал сам себе си“.
Агенцијата потсетува и на дамнешната изјава на Борисов дека моќта „воопшто не носи уживање, не носи ништо, освен стрес“.
Агенцијата Ројтерс оценува дека победата на Радев најверојатно ја приближува Бугарија кон Русија што ќе се одрази и на односите со сојузниците во ЕУ и во НАТО.
Притоа се посочува и на можна повеќемесечна нестабилност имајќи предвид дека Борисов најави повлекување, потсетува британската агенција.
Претседателот на Бугарија главно има церемонијална функција нема извршни овластувања, а сите важни одлуки мора да го одобри Парламентот.
Претседателот во Бугарија управува со вооружените сили, именува амбасадори и шефови на разузнавачки и безбедносни служби, потпишува меѓународни договори и може да сатви вето на закони.
Сепак фактот дека се бира на директни избори, позицијата шеф на државата значи влијание и авторитет.





