Внукот на легендарниот борец за човекови права Малколм Икс почина во Мексико, откако е претепан поради кавга околу висока сметка во кафеана, јави Си-Ен-Ен.
Малколм Шабаз (28) починал од здобиените повреди во болница, по тепачката во бар во близина на плоштад во Мексико Сити.
Сопственикот барал да се плати сметката од 1.200 долари и почнала тепачка, по што тој е префрлен во болница каде подлегнал на повредите што потврдија и американски претставници во Мексико.
Американецот Малколм Икс, беше афроамерикански лидер и борец за правата на афроамериканците во САД. Убиен е додека држел говор во Њујорк во 1965 година.