Шпанија избегна пораз од Англија на „Вембли“ во најинтересниот пријателски натпревар вечерва. Конечните 2:2 беа шокантни за домашните навивачи од причина што „гордиот албион“ влезе во судиското продолжение со два гола предност што во дополнителните шест минути, сепак, се покажаа недоволни за триумф. Лалана осигура водство за Англичаните во деветтата минута од пенал по прекршокот врз Варди во казнениот простор, напаѓачот на Лестер, со глава, го совлада Реина во 48 минута по нафрлување од Хендерсон.
Но, тоа не беше се. Драмата допрва следуваше. Се случи во екстра времето. Аспас, дополнително повиканиот фудбалер на местото на Диего Коста пред мечот со Македонија, намали на 2:1 во 90 минута и во тие моменти се чинеше дека само го ублажи поразот на „црвената фурија“. Во шестата минута од продолжението Иско реализира откосо за шок на трибините на легендарниот фудбалски храм.
Голови немаше на вториот дерби меч вечерва меѓу Италија и Германија, резултат што беше конечен и во Ленс во средбата меѓу Франција и Брег на Слонова Коска.
Резултати: Мароко – Того 2:1, Франција – Брег на Слонова Коска 0:0, Англија – Шпанија 2:2, Северна Ирска – Хрватска 0:3, Италија – Германија 0:0, Австрија – Словачка 0:0, Чешка – Данска 1:1, Украина – Србија 2:0, Унгарија – Шведска 0:2, Малта – Исланд 0:2, Мозамбик – Јужна Африка 1:1, Русија – Романија 1:0, Јордан – Либан 0:0, Бахреин – Киргистан 0:0, Тунис – Мавританија 0:0, Габон – Коморски острови 1:1, Кенија – Либерија 1:0