Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО и ДУИ со слична реторика против „надворешниот непријател”

0
By Нова ТВ on November 16, 2016 ПОЛИТИКА
Фото: Република
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 16, 2016 12:39

Автор: Џенис Сулимани

Лидерите на двете партии на власт Никола Груевски и Али Ахмети, водат слична стратегија во текот на изборната кампања. Двајцата велат дека „странски сили” се виновни за предизвикување на политичката криза во земјата.

Сторијата е достапна на албански јазик на следниот линк.

Вадењето од нафталин на реториката за „странски сили“ има за цел да сее страв меѓу граѓаните заради бегање од одговорноста, велат аналитичарите.

Во отсуство на политики за развој, посочуваат тие, двете партии, освен национализмот и популизмот што ги употребуват неколку години по ред, сега најдоа еден нов заеднички „непријател” кој нема точна адреса, идеален за обвинување.

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во својот говор го користи терминот „регресивни и себични сили” префрлајќи ја одговорноста на непознати центри кои не го сакаат најдоброто за Македонија, со цел да се оправда најдлабоката политика криза во Македонија.

Со оваа реторика, според аналитичарите, лидерот на ДУИ, Ахмети наликува на својот коалициски партнер Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој по објавувањето на т.н бомби од страна на опозицијата предводена од Зоран Заев, обвини „странски тајни служби” за обид за дестабилизација на Македонија.

Бегање од одговорноста и префрлање на топката кај „странските сили“

Аналитичарот Џелал Незири вели дека ваквата реторика е најлесниот начин за да се избегне одговорноста и истовремено да се самоамнестираат од сите афери кои се откриени од страна на опозицијата.

„Тоа е речник кој се користи од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од почетокот на кризата во Македонија. Тоа е чудно обвинение како од страна на Груевски и на Ахмети од другата страна, за кризата да се обвинат странците. Тоа е лесен начин да се избегне одговорностa и истовремено да се самоамнестираат од сите афери кои се откриени од страна на опозицијата. Сепак, имајќи во предвид дека интеграцијата во ЕУ и НАТО е една од точките на изборната програма на ДУИ, Али Ахмети секако алудирал на земјите кои не се дел од овие организации”, вели Незири.

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во првичните настапи го посочи на прецизен начин „виновникот”.

Тој не се дистанцираше од истите зборови и во оваа изборна кампања.

„Според досегашните информациите што ги добив од МВР зад прислушкувањата стојат „странски тајни служби”, нивен прв соработник е Зоран Верушевски, кој создал мрежа на агенти во Македонија”, изјави тој на крајот од 2015-та година.

Годинава повтори дека нападите врз него се „оркестрирани од една група на луѓе, а потпомогнати од секакви туѓи структури кои имаат свој интерес во целата оваа ситуација“.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не е прецизен во посочувањето на виновникот. Ахмети спомнува регресивни сили, без да прецизира кои се тие.

„Можевме да напредуваме многу подобро доколку не се соочевме со оваа криза, планирана од страна на центри кои не сакаат оваа земја да се движи напред и не сакаат оваа земја да го заземе своето заслужено место во регионот, Европа но и во светот. Постојат себични и регресивни сили кои се заинтересирани за стагнација и спречување на понатамошен развој”, рече неодамна Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Аналитичарот Бојан Маричиќ од Центарот за европски студии, оценува дека ова значи дека соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжува.

„Тажно е политичка партија како ДУИ да прокламира теорија на заговор, додека се промовира дека се стреми за во ЕУ и НАТО”, вели Маричиќ.
Според него, стравот од Специјалното јавно обвинителство ги обединува овие партии.

Сепак, аналитичарите сметаат дека луѓето веќе ги прочитале политичарите и дека нивната реторика ќе биде одбиена од страна на граѓаните.

Сторијата е изработена во соработка помеѓу НОВА и ПортАлб.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.